Русковска потврди дека Боки 13 пред рекетираните бизнисмени на спикерфон зборувал со Јанева

20.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русковска потврди дека Боки 13 пред рекетираните бизнисмени на спикерфон зборувал со Јанева

Неофицијалните информации за тоа дека Бојан Јовановски за време на разговорите со бизнисмените редовно на спикерфон се јавувал и на Катица Јанева, ги потврди обвинетелката Вилма Русковска во изјавата за ТВ Телма.

Рускоска потврди дека на снимките со кои располага обвинителството се слушал разговорот пуштен на споикерфон меѓу Боки 13, како директор на 1ТВ, и обвинителка. Од видео снимката јасно бил регистриран дури и бројот што бил биран од Боки 13.

Снимките предадени во обвинителството за организиран криминал потврдуваат дека во разговорите меѓу рекетираниот Oрце Камчев и изнудувачот Јовановски во некои разговори има и трето лице, специјалната обвинителка Катица Јанева. Тоа, екслузивно за емисијата Код на ТВ Телма го потврди обвинителката Русковска.

Код: Дали на тие снимки се гледа како осомничените го прават тоа (изнуда) или ја повикуваат Катица Јанева?

Рускоска: Па се гледа, а и се слуша.

Код: Ја повикуваат Катица Јанева, се слуша такво на снимките? Дека ѝ се јавуваат, да потврди нешто?

Рускоска: Видете, не можам да зборувам за детали од доказите со кои располагаме. Се слуша разговор со јавен обвинител.

Код: Пуштен на интерфон?

Рускоска: Да.

Снимките кои сега ги поседуваат обвинителите за организиран криминал покажуваат дека рекетираниот бизнисмен ги снимал изнудите, а кога на интерфон била вклучувана и Јанева лично, тоа исто така било региструрано. Судот треба да цени дали ќе бидат прифатени како доказ. Рускоска вели дека согласно препораките на Венецијанската комисија тие снимки би требало да бидат прифатени поради јавниот интерес и вклученост на функционер - обвинител во нив. За тоа веќе разговарале државниот обвинител Јовевски и обвинителката Рускоска.

И покрај ваквите снимки Катица Јанева не е уапсена, истражителите сметаат дека нема доволно докази за директна поврзаност со рекетот кој го правеле Боки и Зоран Милевски  Кичеец, двајцата првоосомничени кои се во 30-дневен притвор.

Извори од СЈО за Код велат дека најмалку два пати Бојан Јовановски ја посетил Катица Јанева во нејзината канцеларија во обвинителството.

Според информациите на МКД.мк, една од снимките е направена во куќата на бизнисменот Орце Камчев од кого билебарани милионски суми за заборавање на случајот „Империја“ на СЈО во кој тој е првоосмничен заперење пари. Оваа средба следувала по неколку нивни меѓусебни средби, по што следувало договореното примопредавање на пари во кеш. Камчев, со помош бугарските специјални служби (Бугарија лани официјално го предложи Камчев за незјин почесен конзул) целосно ја озвучува куќата, а поставени биле и видео камери.

По примопредавањето на парите, Боки 13 на спикерфон ѝ се јавил на Јанева и ѝ потврдил дека парите се преземени, а од другата страна следувало ветувањето дека тоа ќе се има предвид за судбината на случајот „Империја“.

Ова е една од снимките кои биле предадени на обвинителството, по што најверојатно следувало воведувањето на посебните истражни мерки (ПИМ) за Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец. Така клопчето почна да се одмотува.

Освен јавниот интерес, снимката во куќата на Орце Камчев може да се смета за валиден доказ затоа што на влезот во куќата имало налепница со која се предупредуваат гостите дека сѐ во куќата е под видео надзор. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата