Следува чистка во кабинетот - Заев ќе брка непотребен и неспособен кадар

20.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Следува чистка во кабинетот - Заев ќе брка непотребен и неспособен кадар

Премиерот Заев освен што најави зголемување на безбедноста и ефикасноста на неговиот кабинет, по направената анализа на професионалноста и ефикасноста на ангажманите на своите советници и соработници, решил дека на дел од ангажираните лица ќе им се заблагодари за досегашната соработка.

Согласно најавата за одлучно спротивставување и справување со дезинформации и со напади врз демократијата во земјата, Кабинетот на премиерот подготвува План за одлучна акција против ширење дезинформации чија прва верзија наскоро ќе биде претставена на јавноста, а потоа и консултирана со засегнатите чинители и со стратешките партнери на земјата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата