Вучиќ ОСТАВКАТА НА ХАРАДИНАЈ Е ТРИК - ЌЕ ГО ОСЛОБОДАТ ЗА 48 ЧАСА

20.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ ОСТАВКАТА НА ХАРАДИНАЈ Е ТРИК - ЌЕ ГО ОСЛОБОДАТ ЗА 48 ЧАСА

Рамуш Харадинај вчера поднесе неотповиклива оставка на функцијата премиер на Косово поради повикот на Специјалниот суд во Хаг. Српскиот Државен совет, предводен од претседателот Александар Вучиќ, се состана синоќа во Белград, на разговори околу неотповикливата оставка на Рамуш Харадинај.

По тој повод, претседателот на Србија изјави дека државата ќе реагира мирно и без еуфорија.

- Ние имаме разбирање за потребите и очекувањата на нашиот народ за правдата на нашиот народ кој претрпеј злосторства и омраза на Косово, го разбираме и задоволство на нашите луѓе поради падот на Рамуш Харадинај и повикот да се јави во Специјалниот суд за сослушување како осоничен. Сепак, веруваме дека не постои причина за радост поради последиците кои доаѓаат потоа. 
Тој рече дека состојбата на Србите на Косово по оваа оставка ќе биде уште потешка отколку што беше вчера, бидејќи ќе има уште поинтензивна омраза и притисок од Албанците.

Ова, рече тој, ќе доведе до екстремни позиции Албанците во Косово бидејќи Харадинај после се станува нивни херој кој се борел за единствено Косово, а другите политчари ќе бидат недостојни во поредба со големиот. Вучиќ истакна дека суштинската политичка ситуација во Приштина ќе бара сеалбанско обединување и продолжување на позицијата на "Голема Албанија".

- Нашите предвидувања се дека Харадинај ќе оди во Хаг но, од таму ќе биде ослободен по 48 часа, и ќе се врати во Приштина како херој. Тој така сака да ја обезбеди победа на неговта радикална албанска опција на изборите што најверојатно ќе се одржат во септември или октомври, со цел да се победи мнозинството без српската листа. Во исто време, ќе биде невозможно за нас да продолжиме со дијалог, тоа е нивниот план - рече претседателот Вучиќ и истакна дека во наредните месеци очекува зголемен на притисок врз Србија.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата