Косовскиот премиер Харадинај поднесе оставка

19.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Косовскиот премиер Харадинај поднесе оставка

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска поднесе оставка на функцијата, за време на одржување на седница на косовската Влада, јави „Бота сот“.

„Оставката е неотповиклива“ , рекол Харадинај.

Тој образложи дека оваа одлука е донесена откако добил покана од Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата