Седуммина исчезнати по поплавите во Турција

19.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Седуммина исчезнати по поплавите во Турција

Продолжува спасувачката акција и потрага по седумтемина исчезнати по поплавите во северозападната провинција Дузџе во Турција, соопшти агенцијата „Анадолија“.

Досега, вкупно 219 лица се извлечени во месностите Акчакоџа и Џумајери, а меѓу последните седуммина исчезнати има и четири деца.

Според АА, околу 135 лица се сместени во шелтери, а операциите за потрага и спасување ќе продолжат и понатаму.

Потрагата е фокусирана долж брегот од реката, долга 21 километар, изјави министерот за внатрешни работи на Турција Сулејман Сојлу.

„Сите жители заробени во селата беа извлечени со помош на хелихоптери. Успеавме да донесеме храна и засолниште за речиси сите региони“, додава Сојлу.

Џумајери, месност во северозападната провинција Дузџе се поплави по силните врнежи кои резултираа во лизгање на земјиштето, а со тоа беа блокирани и патиштата до селата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата