Samsung Galaxy A10s ќе има две камери, подобрен процесор и 4000mAh батерија

19.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Samsung Galaxy A10s ќе има две камери, подобрен процесор и 4000mAh батерија

Иако бројот на телефони од Samsung Galaxy A серијата е зголемен многу брзо, изгледа дека компанијата планира неколку надоградени модели со ознакaта ”s” за постојните уреди, како што се Galaxy A10 (на фотографијата) и A50.

Според новите извештаи, моделот A10s доаѓа со подобрувања во однос на стандардниот модел, а ова вклучува 13MP + 2MP систем за задна камера, осум-јадрен CPU @ 2GHz и поголема батерија, капацитет 4000mAh.

Веќе ги видовме Galaxy A10s на FCC и Wi-Fi сертификацијата, што укажува на тоа дека телефонот ќе биде наскоро презентиран.

Извор: Benchmark.rs

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата