Дамијан Харли (17), синот на актерката Елизабет Харли (54), се појави во новата кампања на Пат Мекграт, една од најпознатите мејкап артистки во светот на шминка и производи за убавина. Младиот Британец веднаш го привлече вниманието на јавноста.

Дамијан има долга коса, но на снимањето на спотот  ја истапираа и исфенираа неговата бујна коса поради што многу личеше на својата мајка.

Кампањата беше снимена за промоција на шминка, па синот на актерката беше нашминкан со природни нијанси што ги нагласи неговите очи, усни и јаболчици.

„Ти си мојот север, југ, исток и запад. Те сакам“, напиша неговата мајка Елизабет под фотографијата.

Обожавателите беа зачудени од неговиот изглед и се прашуваа зошто го прави тоа, дали го менува полот.

Дамијан потпиша договор со TESS Management во Лондон.

Елизабет го доби Дамијан кога беше во врска со американскиот бизнисмен Стив Бинг (53) кој првично не сакаше да го признае татковство, а подоцна беше докажано со ДНК-тест.

извор: Makfax

1

Најчитани вести