Ако се скарате со РАК, ОВЕН, СКОРПИЈА или ЈАРЕЦ - не барајте втора шанса! НЕМА ДА ДОБИЕТЕ!

19.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ако се скарате со РАК, ОВЕН, СКОРПИЈА или ЈАРЕЦ - не барајте втора шанса! НЕМА ДА ДОБИЕТЕ!

Припадниците на овие хороскопски знаци не им даваат толку лесно втора шанса на другите и важат за најголеми злопамтила.

Рак

Раковите се големи емотивци, штом еднаш ги повредите не очекувајте дека ќе ви простат и заборават на тоа. Предавството толку ги боли што ни самите не можат да си дозволат повторно да ризикуваат и уште еднаш да останат повредени.

Скорпија

Скорпиите се личности кои сакаат со страст, работат со страст, но и мразат со страст. Ако некој ги повреди или предаде, личноста едноставно ја бришат од животот и се прават како да не постои.

Јарец

Јарците се лојални личности кои ги кријат своите чувства, а всушност се големи емотивци. Кога некој ќе им згреши нешто тие едноставно се повлекуваат без конфликт и му ја затвораат вратата на тој што им згрешил, од страв дека повторно ќе им се случи истото.

Овен

Овните се исклучително горди личности и под чест им е да дадат втора шанса на оние кои ги повредиле. Не сакаат да покажат колку всушност се ранливи и емотивни откако ќе ги издадете, па не очекувајте брзо смирување бидејќи никогаш нема да заборават што сте им направиле.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата