Младата интернет-ѕвезда од Њујорк беше убиена од момчето, кое на интернет ги објави страшните фотографии на нејзиното мртво тело. Ужасната сцена на социјалните мрежи стоеше повеќе од 12 часа, поради што „Инстаграм“ наиде на критика.

Фотографијата на телото на тинејџерката Бјанка Девинс (17) во неделата ја шеруваше Брендон Ендру Кларк (21) околу 6,40 часот изутрина, и покрај неа напиша: „Жал ми е, Бјанка”.

До неделата вечер, фотографијата сè уште беше активна и беше ставена зад замаглениот филтер за чувствителна содржиниа објави „Базфид њуз“. Сепак, корисниците можеа да ја гледаат сликата со кликнување на екранот, бидејќи „Инстаграм“ не сметаше дека тоа „ги прекршува нивните правила”.

Полицијата соопшти дека момчето ѝ го пресекол грлото на девојката со нож. По објавувањето на страшната фотографија на интернет, полицијата го лоцира. Тој бил пронајден во слепа улица во градот Утика.

Кога пристигнале на местото на злосторството, го нашле Кларк како се прободува со нож во вратот, пишува „Дејли стар“.

Потоа легнал преку зелената церада, под која го крил нејзиното тело, а потоа го извадил телефонот и си направил селфи лежејќи преку нејзиното мртво тело“, објави полицијата во Њујорк.

Наводно, младиот човек објавил фотографија додека полицијата била на местото на настанот.

Тие успеале да го разоружаат и да го одведат во притвор.

Кларк е обвинет за убиство од втор степен и му се закануваат 25 години затвор, ако биде осуден, објави „Њујорк пост”.

Бјанка Девинс имаше над 35.000 следбеници на социјалните мрежи. Таа и Кларк се запознале пред два месеци на „Инстаграм“.

извор: Makfax

5

Најчитани вести