Американските медиуми објавија дека Кејтлин Џенер (69) и Софија Хачинс ќе се венчаат. Софија е 47 години помлада од Кејтлин и е на иста возраст како и нејзината ќерка Кендал Џенер.

Тие веќе две години се во врска, и според странските медиуми наскоро ќе се венчаат.

Олимпиецот и реалити ѕвезда Брус Џенер во 2015 година соопшти дека започнал процедура за промена на полот, а Софија е исто така трансродно лице.

Пред да го смени својот пол во 2015 година, како Брус се ожени со Кристи Краунвер во 1972 година, Линда Томпсон во 1981 година и Крис Џенер во 1991 година. Вкупно има шест деца – со секоја поранешна сопруга по две, и им беше очув на Кортни, Ким, Клои и на Роб Кардашјан.

извор: Makfax

0

Најчитани вести