Темата во светските медиуми стана изјавата за претседателката на Хрватска, Колинада Грабар-Китаровиќ, која рекла дека хрватската полиција насилно ги враќа мигрантите од границата и дека „потребно е малку насилство при спроведување на потиснување“.

Таа наводно ова го изјавила неодамна за време на нејзиниот престој во Швајцарија на телевизијата СРФ.

Како што пренесува „Индекс.хр“, проблемот е во тоа што т.н. потиснување или (pushback) е спротивно на меѓунрадоните конвенции кои ги има потпишано Хрватска, а користењето на насилство во тој контекст е нелегално и по меѓународното и хрватското право.

Накратко, пренесува хрватскиот портал, претседателката признала дека Хрватска намерно ги крши законите и дека политиката на Хрватска кон мигрантите е таква што на полицијата и се наложува да дејствува противзаконски.

„Сега за тоа пишува и ‘Гардијан’ во статија под наслов ‘Хрватската полиција со примена на насилство протерува мигранти, вели претседателката’, кој нагласува дека добро познатата меѓународна организација за човекови права Human Right Watch бата од Хрватска да ја прекине таквата практика“, наведува порталот.

За оваа изјава на хрватката претседателка пишува и „Дојче веле“, каде се наведува дека „Хрватска систематски негирала нелегално депортирање на бегалци во соседна Босна и Херцеговина“, но дека „хрватската претседателка признала дека полицијата со сила ги тера мигранитете преку границата“, пишува „Индекс“.

Изјавата на хрватката претседателка ја пренесоа и други светски медиуми како МСН и „УС брејкинг њуз“.

извор: Makfax

1

Најчитани вести