Единствена Македонија: Учеството само на две македонски и две албански партии на лидерска е неприродно

16.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Единствена Македонија: Учеството само на две македонски и две албански партии на лидерска е неприродно

Зоран Заев повторно, којзнае пат за утре свикува таканаречена лидерска средба само со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и партиите на албанското малцинство во државата. Досегашната практика на т.н лидерски средби во исклучиво тесен круг на учесници не дава гаранција за решенија во корист на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија оти Македонија практично се движи кон сопственото исчезнување со бришење на се што е македонско.
Единствена Македонија презема една поактивна улога и упатува јавен предлог до Заев како организатор на настанот за промена на форматот на учесниците на т.н. лидерски средби. Односно, решение да се бара според формулата за учество на 15 партии во преговорите со следниот формат: турска, српска, ромска, влашка, бошњачка, две албански и осум македонски партии и тоа од најмалку две причини, прво, учеството на поголем број партии овозможува решение со најширок легитимитет прифатено од македонскиот народ и сите национални малцинства, и второ, учеството само на две македонски и две албански партии е неприродна,
неприфатлива и недозволива состојба оти не ја отсликува македонската реалност, недозволиво го фаворизира албанското наспроти сите други малцинства во земјата и не дава гаранција за заштите на виталните национални и државни интереси. Ги потсетуваме Заев и Мицковски дека во Татковинската војна во 2001, Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски прифатија преговори со учество само на две македонски и две албански партии заради што државата излезе поразена, посрамена и понижена со немерливи последици до денешно време, велат од Единствена Македонија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата