Еден човек загина, а 15 се повредени, откако куќа експлодира во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод.

Екипите од компанијата за гас на Јужна Калифорнија (SoCalGas) биле во куќата поправајќи го гасоводот, кој бил пријавен дека е оштетен од страна на изведувачот на објектот. Еден час по нивното пристигнување се случила експлозија и пожар го зафатил целиот објект, кој се наоѓа во градот Муриета.

Според првичните информации, загинатото лице е еден од вработените од компанијата за гасовод, кои дошле за да го поправат дефектот, а тројца од 15-те повредени се пожарникари.

Муриета се наоѓа на околу стотина километри северно од Сан Диего.

извор: Makfax

0

Најчитани вести