(Видео) Њујорк во мрак, претставите од Бродвеј се преселија на улиците

14.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Њујорк во мрак, претставите од Бродвеј се преселија на улиците

Менхетен синоќа остана неколку часа без струја поради голем дефект, поради што престана да работи метрото, запреа лифтовите, се исклучија светлата и рекламите на Тајмс Сквер и се откажа претставите на Бродвеј.

На западната страна на Менхетен без струја минатата ноќ останаа околу 73.000 корисници, изјави извршниот директор на компанијата Кон Едисон, Џон Mакавој кој додаде дека станува збор за голем дефект.

Електрична енергија снемало околу 19:45 часот по локално време, а почнала да се враќа по 22 часот во областа на Тајмс Сквер. Околу 23 часот, пет од шестте зони погодени од дефектот, добиле струја, а еден час подоцна светлата засветеле и во шестата зона.

Телевизијата Си-би-сс објави дека патниците биле блокирани повеќе од половина час помеѓу две метро станици. На улиците имало тотален мрак, а според медиумите единствени светла кои се гледале биле ротационите светла на полициските возила и на пожарните.

Некои од тетатарските групи и хорови одлучиле да ги продолжат настапите на отворено, откако мрак ги зави театрите. Повеќето претстави на Бродвеј беа откажани, меѓу кои и популарните перформанси ,,Хамилтон” и ,,Кралот на лавовите”.

Во Медисон Сквер Гарден, Џенифер Лопез, исто така, мораше да ја откаже својата изведба само неколку минути по започнувањето на концертот. Таа се извини преку видео на Твитер и најави дека концертот се одложува.

Десетици гости на хотелите останале да чеката пред врата или да седат на тротоарите, бидејќи лифтовите не работеле и не можеле да се качат во своите соби.

Медиумите пишуваат дека иронија е тоа што дефектот се случил на годишнината од големиот прекин на струја што го погодил целиот град во 1977 година. Тогаш струјата беше вратена по 25 часа, а во Њујорк имало бројни кражби и вандализам.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата