Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривична пријава против Е.Б.(24) од Скопје поради „разбојништо“ и „тешка кражба“, при што се стекнал со противправна имотна корист од 37.800 денари.

На 10.03.2018 година тој со товарно возило извршил „тешка кражба“ во живинарска фарма во населба Илинден, а на 17.11.2018 пријавениот, заедно со уште две лица, физички нападнале такси возач и со закана му одзеле пари.

извор: Makfax

0

Најчитани вести