Познатиот пејач откри дека се оженил, и тоа со најдобрата другарка од детството

14.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познатиот пејач откри дека се оженил, и тоа со најдобрата другарка од детството

Британскиот кантавтор Ед Ширан открил дека од неодамна е во брак со својата дологодишна девојка и другарка од детство Шери Сиборн. Во интервјуто во кое ја открил тајната Ширан зборувал и за текстот на новата песна, која ја сними со Еминем и 50 Сент, „Remember My Name“, во која Чери ја нарекува своја сопруга.

- Всушност ја напишав пред да се венчаме, но знаев дека ќе го направиме тоа пред песната да биде објавена. Некој ќе ја слушне и ќе рече: „Ох, па тие се венчале! Не знаев како ќе се протолкува, но очигледно е дека веќе сите знаат, истакна популарниот пејач.

Ед Ширан и Шери Сиборн се познаваат откако биле деца, но почнале да се забавуваат дури во 2015 година, кога заедно заминале на журка која ја организирала пејачката Тејлор Свифт по повод американскиот Ден на независност- 4 јули. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата