ОВЕН

Работа: Можно е да погрешите ако инсистирате на големи и драстични работни промени денеска.

Љубов: Комуникацијата со саканата личност ќе тргне во подобар правец и ќе бидете генерално задоволни.

Здравје: Избегнувајте цигари.

БИК

Работа: Можна е финансиска криза, но брзо ќе помине. Потрудете се своите трошоци да ги контролирате.

Љубов: Иако со саканата личност имате се’, длабоко во вас постои жал за некои шанси.

Здравје: Внимавајте на штитната жлезда.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Денеска би било најпаметно да се посветите на обврските кои ве чекаат од претходниот период.

Љубов: Станува се’ појасно дека со саканата личност не сте најдобар спој и дека вашата врска, кога тогаш, ќе се прекине.

Здравје: Главоболка.

РАК

Работа: Со личност која долго време ви нуди соработка, може да остварите позитивен договор.

Љубов: Би било добро да се дистанцирате од се што ви се случува на љубовното поле.

Здравје: Тегоби со крвотокот.

ЛАВ

Работа: Во перидот кој ви претстои ќе може да ги менувате работите на ова поле. Напредок ве очекува.

Љубов: Вашиот партнер меша некоја трета личност во вашиот однос, и тоа не ви се допаѓа.

Здравје: Зглобовите ви се чувствителни.

ДЕВИЦА

Работа: Работните проблеми би можеле да се закомплицираат. Потрудете се да бидете доволно посветени на конкретни решенија.

Љубов: Иако саканата личност е крај вас, понекогаш ви се чини дека не ве разбира најдобро.

Здравје: Кичмата ви е чувствителна.

ВАГА

Работа: Можно е конечно да решите некои проблеми од минатото кои долго стоеле на страна.

Љубов: Ќе остварите комуникација со поранешната љубов, кон која и натаму постои наклонетост од ваша страна.

Здравје: Без големи проблеми.

ШКОРПИЈА

Работа: Можно е да дојде до неочекувани пресврти и проблеми кога е во прашање работното поле.

Љубов: Ако отворено ги покажете чувствата на партнерот, нема да се покаете, туку ќе се воодушевите од нејзината реакција.

Здравје: Избегнувајте алкохол.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Ова е време да бидете вредни и посветени на својата работа, затоа што ќе дојдат големи награди.

Љубов: Во вашиот живот влегува нова личност.

ЈАРЕЦ

Работа: Денеска е можен голем пресврт кој ќе ви овозможи позитивни промени на ова поле.

Љубов: Полека се зближувате со личноста која ви се допаѓа и откривате дека и таа има свои маани и слабости.

Здравје: Одлично сте расположени.

ВОДОЛИЈА

Работа: Во овој период се враќате на некоја стара работа или обновувате некоја соработка од минатото.

Љубов: Сегашниот партнер ви ја докажува својата љубов, но вие упорно на работите гледате од негативен агол.

Здравје: Водете сметка околу кардиоваскуларниот систем.

РИБИ

Работа: Ви се отвораат нови можности за почнување на работа и ќе бидете задоволни.

Љубов: Подготвени сте да пријдете на личноста која ви се допаѓа и да и понудите врска. Не сакате повеќе да чекате.

Здравје: Немате проблеми.

2

Најчитани вести