Синиша Михајловиќ: Кога ја добив веста, тоа беше вистински удар. Следеа денови на плачење, цел живот ми помина пред очи... (фото/видео)

13.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Синиша Михајловиќ: Кога ја добив веста, тоа беше вистински удар. Следеа денови на плачење, цел живот ми помина пред очи... (фото/видео)

Прославениот српски фудбалер и бивш селектор на Орлите Синиша Михајловиќ, ја разбарни јавноста во Европа во раните утрински часови изјавувајќи дека поднесува оставка на место тренер на Болоња, поради како што навел болест.

Тој закажал конференција во 16 и 30 каде што открил за што точно се работи...

- Се ќе ви објаснам, бидејќи не сакам луѓето да шпекулираат за мојата болест. За жал или среќа, направивме неколку тестови кои покажаа аноламија кои не ги имав пред четири месеци. Добив преку 600-700 пораки на подршка, им благодарам на луѓето во Болоња на големата помош. Покажаа дека ме сакаат и дека се вистинско семејство. Болеста е агресивна, но може да се победи. Тоа им го објаснив на своите играчи. Имав состанок со нив. Ако седам и се обидувам да се залажувам нема ништо да направам. Морам својата тактика која ја применував во спортот, да ја применсм и на болеста и сугурен сум дека ќе ја добијам оваа битка – рекол Михајловиќ.

- Кога ја добив веста, тоа беше вистински удар. Следеа денови на плачење, цел живот ми помина пред очи. Не беа тоа солзи од страв, ќе се соочам со болеста, гледајќи се со неа очи во очи како што тоа досега го правев во секоја друга ситуација. Едвај чекам да одам во болница и да ја започнам борбата.

-Ќе победам во оваа борба поради моето семејство, децата и за сите оние кои ги сакам – порачал Михајловиќ и објаснил како дознал дека е болен од леукемија:

- Се кладам дека сите мислевте да сум еден од последните луѓе кои можат да се разболат. Тренирам, јак сум, последните тестови ги направив 28 февруари и се беше нормално. Тренирав секој ден до мај, патував, играв фудбал и не чуствуваз замор, нити некоја болка. Мојот татко почина од рак, поради тоа и често се тестирав. Да не ги правев тестовите немаше да знам дека сум болен.

Михајловиќ на конференцијата објаснил како се чуствувал во моментот кога дознал дека боледува од леукемија.

- Кога дознав за болеста животот ми се промени во еден момент. Се се менува во секунда се кога ќе дознаете такво нешто. Кога спиете имате ноќен кошмар, се будете, кога сте болни со денови, се будете и сваќате дека живеете во кошмар, и дека тоа е реалноста – рекол Михајловиќ.

- Се надевам дека, после победа на болеста, повторно ќе седам овде со вас и ќе можам да се осврнам на овој период од мојот живот. За жал ништо не ми е дадено во животот, морав сам да се изборам за се.

Синиша ја завршил конференцијата, а присутните го испратиле со овации.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата