Вучиќ го шпионираат од Македонија, главниот центар е во автосалон

13.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ го шпионираат од Македонија, главниот центар е во автосалон

Пред два месеци во Скопје е формиран тим од разузнавачки служби, кои својата дејност ја маскираат преку работа во претставништво на еден голем производител на автомобили од Западот со цел да се блокира постигнување на компромисно решение за Косово и Метохија, открива српскиот пратеник Милован Дрецун, пишува „Курир.рс“.

Иако сите во регионот се трудат да ја убедат јавоста дека се залагаат за решавање на косовскиот проблем, сепак, некои работат против интересите на Србија. Кога станува збор за Космет, тогаш расте интересот на разузнавачите, предупредува Дрецун, кој е претседател на собраниската комисија за Косово и Метохија во спрскиот Парламент. Тој открива дека пред два месеци е формиран тим од искусни агенти чија работа е замаскирана, односно тие работат во претставништво на еден голем производител на автомобили од Западот во Скопје.

Во некои соседни држави се води многу силна кампања против постигнување какво било компромисно решение. Македонија станува центар на многу силно разузнавачко делување против интересите на Србија. Секое компромис е столб на стабилизација на регионот, а непостигнување на компромис меѓу Белград и Приштина е подготовка за нов судир во регионот и создавање на ‘Голема Албанија’. Пред два месеци е формиран тим од Бугарија, Албанија, Македонија и Германија, вели Дрецун, додавајќи дека нивното тајно делување е насочено кон целосна штета на Србија.

Според него, овој тим е составен да собира информации и да шири дезинформации.

Поранешниот оперативец Божидар Спасиќ вели дека е ретко, но и многу опасно кога ќе се здружат агенти од повеќе служби.

Скоро да сум сигурен дека ова е проект на американската, евентуално и на германската служба, бидејќи тие се длабоко заинтересирани за решавање на прашањата на Косово и Метохија. Кај нив доаѓаат сите информации и тие одлучуваат за акциите, од економски притисок до удар на нашиот државен систем и претседателот Вучиќ. Не е невообичаено нивната работа да се маскира со нивна наводна работа во фирми за увоз и извоз, софтвер, авомобилска индустрија.

Според членот на светската асоцијација на шефови на полиција, Марко Николиќ, Македонија е идеална држава за таа работа.

Нивниот премиер Зоран Заев е целосно зависен од западните разузнавачки служби, бидејќи тие го донесоа на власт. И затоа е одбрана Македонија, која се наоѓа меѓу Косово и Метохија и Албанија, како носач на авиони за разни разузнавачи кои се против руското влијание и чија задача е удар на Србија, вели Николиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата