Украинската амбасадорка: За разговорите на Заев со „Порошенко“ дознавме од весници

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украинската амбасадорка: За разговорите на Заев со „Порошенко“ дознавме од весници

Aмбасадорката на Украина во Македонија, Наталија Задорожњук, денеска кажа дека не биле информирани за комуникацијата на премиерот Зоран Заев со руските комичари кои се претставуваа како поранешниот претседател Петро Порошенко.

Јас сум во Република Северна Македонија, читам весници, и како и сите ги прочитав и видов овие аудио записи и во овој случај мислам дека ќе биде коректно да се бара коментар од претседателот на Владата и од амбасадорот на Руската федерација. Ние како амбасада не знаевме, објаснува денеска амбасадорката.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата