Воениот совет на Судан вели дека спречиле државен удар

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Воениот совет на Судан вели дека спречиле државен удар

Властите во Судан доцна во четвртокот објавија дека во земјата бил спречен обид за државен удар, соопшти „Скај њуз Арабија“, цитирајќи ја изјавата на Комитетот за одбрана и безбедност при Транзицискиот воен совет.

Според изјавата, во обидот за државен удар биле вклучени 12 воени полицајци кои сега се притворени.

„Службата за безбедност почна со испрашување, а веднаш потоа ќе бидат пренесени на суд”, рече шефот на комисијата, генерал-полковник Џамал Омар.

Тој додаде дека трансферот на власта може да се постигне само со избпри, а не со воени средства. Пред еден месец, Транзицискиот воен совет соопшти дека спречил два обида за државен удар.

На 11 април суданската армија го собори тогашниот претседател Омар ал-Башир, кој ја водеше земјата 30 години, од функцијата поради протестите што со месеци ја блокираа земјата и тешката економската ситуација во Судан.

Армијата ја презеде власта преку формирање на Транзицискиот воен совет, распуштање на Парламентот и суспендирање на Уставот. Опозициските сили повикаа што е можно поскоро да се формира цивилна влада и да почнат против воениот совет. Страните се обидуваа да дојдат до заемно прифатлива одлука два месеци, но не постигнаа договор.

На 3 јуни, полициските тактички единици на суданската полиција и полицијата ги растераа демонстрантите од плоштадот спроти главниот штаб на вооружените сили во Картум. Како резултат на тоа, десет лица загинаа, а тензиите се влошија. По овие настани, опозицијата одби да продолжи со разговорите со армијата и објави дека сите контакти со војската се прекинати.

На 5 јули, суданскиот Транзициски воен совет и опозициските сили се согласија да формираат преодна група составена од воени и цивилни членови.

Новиот совет ќе работи најмалку три години додека не се одржат парламентарни избори. Партиите, исто така, се согласија да формираат независна влада и да почнат истрага за насилствата што се случија во изминатите недели.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата