Почна изградбата на нова социјална зграда во Неготино

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почна изградбата на нова социјална зграда во Неготино

Почна изградбата на станбена зграда наменета за социјално ранливи категории на граѓани во Неготино. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, информира дека во зградата ќе има 62 станови, а се очекува изградбата да заврши за 18 месеци.

Тој додаде дека до сега изградени се вкупно 164 станови и тоа во Кочани, Македонски Брод и Струмица, и истакна дека во завршна фаза е зградата во Гостивар.

Директорот на директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски најави дека рокот за изградба е осумнесет месеци и дека се очекува изградбата да заврши и пред рокот.

„Перидот ќе биде доста интензивен, продолжуваме со изградба на зградата во Бутел во Скопје, во месец август ќе започнеме со изградба на згради во Виница и Свети Николе, а во месец ноември ќе отпочнеме со изградба и во Дебар, Велес и Гевгелија”, изјави Трајковски.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата