Поднесено обвинение за скопјанец во чиј дом беа пронајдени дрога и оружје

11.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поднесено обвинение за скопјанец во чиј дом беа пронајдени дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот Основен кривичен суд – Скопје достави обвинение против едно лице за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

При вршење на претрес во домот на осомничениот на улица „Христофор Жефаровиќ“ во Скопје на 11 јуни, полицијата пронајде 11,45 грама кокаин спакувана во 27 полиетиленски пакувања. Осомничениот неовластено кај себе држел и полуавтоматско кусо огнено оружје – пиштол марка CZ100 со калибар од 9мм, десет куршуми муниција за тоа оружје, како и 14 куршуми муниција за автоматско огнено оружје кое им е забрането на граѓаните.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да избега или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата