Тасевски: Експлозивната направа во кафулето во Прилеп е изолиран случај

11.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тасевски: Експлозивната направа во кафулето во Прилеп е изолиран случај

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, рече дека експлозивната направа што вчера беше пронајдена во кафуле во Прилеп е изолиран случај.

Тој рече дека веќе постојат одредени сознанија и се преземаат сите потребни истражни дејствија за што поскоро решавање на случајот.

Вчера од Јавното обвинителство соопштија дека рачната бомба фрлена во близина на прилепското кафуле „Кафе ин“ била безбедно демонтирана.

Тасевски денеска беше во Прилел на средби со раководството на Полициската станица Прилеп и со градоначалникот Илија Јованоски во пресрет на одржувањето на фестивалот „Пивофест“, кој ќе се одржи од 18 до 22 јули.

„На средбите беше потенцирано дека безбедносната состојба во општината е стабилна и полициските службеници се подготвени за обезбедување на јавниот ред и мир, особено во текот на фестивалот, за тој да помине во најдобар ред, без оглед на големата бројка на гости што се очекува во Прилеп“, соопштија од МВР.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата