Поради полуфиналето на Вимблдон, ривалот на Ѓоковиќ  ја одложи својата ергенска забава на Ибица

11.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поради полуфиналето на Вимблдон, ривалот на Ѓоковиќ  ја одложи својата ергенска забава на Ибица

Поради полуфиналето на Вимблдон против Новак Ѓоковиќ, шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут мораше да ја одложи својата ергенска забава на Ибица и на своите пријатели да им плати пат до Лондон за да го бодрат.

Исто така пропадна и планот на неговата долгогодишна девојка Ана Боди Тортоса в петок да оди во Мадрид за да го проба свадбениот фустан, што значи дека тие не верувале дека Агут ќе стигне до финале.

Според шпанските медиуми, тие се во врска од тинејџерските денови, а Ана своевремено учествувала на избор за мис.

„Ако сè биде вред, ќе се венчаме во ноември“, рече Агут во четвртокот.

Ана не сака да се експонира во јавноста и нема социјална мрежа. Исто така, ретко може да се види на профилот на Агут.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата