Папараци го снимија Џејсон Момоа на плажа, многу се запуштил

11.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Папараци го снимија Џејсон Момоа на плажа, многу се запуштил

Џејсон Момоа е познат како Акваман, Кал Дрого или најубавиот човек во светот. Во секој случај, како сопственик на импресивно тело.

На почетокот на месецот Момоа со неговата сопруга Лиза Бонет, нивните деца и нејзината ќерка Зое Кравиц, уживаше на одмор во Венеција каде што го снимија папараци. Фотографијата беше објавена од страна на американскиот магазин Us Weekly.

 

Иако Момоа сè уште изгледа многу добро на фотографијата, тимот на Твитер ги критикуваше неговите мускули тврдејќи дека ги нема.

„Заборавивте да му ги фотошопирате мускулите”, напишаа некои.

„Изгледа како некој татко”, вели друг.

„Се здебелил“, коментира трет.

„Боже, што му се случило”, прашува друг.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата