Јужноамериканската федерација до Меси: Oбвинувањата се неосновани

7.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јужноамериканската федерација до Меси: Oбвинувањата се неосновани

По обвинувања на Лионел Меси до Фудбалска федерација на Јужна Америка во однос на организација на годинешната Копа Америка, од оваа организација излегоа со реакција преку соопштение до јавноста.

– Воопшто не е прифатливо, врз основа на поедини инциденти во натпреварувањето, во кое под истите услови учествуваат 12 екипи, да се изнесат тешки, неосновани и лажни обвиненија и да се доведе во прашање чесноста и регуларноста на Копа Америка “, се вели во соопштението на КОНМЕБОЛ.

Од ова организација додаваат дека основата на фер-плејот е да се прифатат резултатите со почит, и дека истото важи и за процените на судењето на судиите, кои зависат и од човечкиот фактор и секогаш ќе бидат предмет на подобрувања.

Меси јавно ги обвини судиите по натпреварот против Бразил, дека Аргентина не добила два чисти пенали, но и дека целото првенство е наместено и дека домаќинот сигурно ќе биде шампион.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата