Лога ја поддржува иницијативата на општина Центар за изнаоѓање законско решение за конфискација на изградени објекти со бесправен статус

7.04.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лога ја поддржува иницијативата на општина Центар за изнаоѓање законско решение за конфискација на изградени објекти со бесправен статус

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со градоначалникот на општина Центар ,Горан Герасимовски на која беше информиран за иницијативата за изнаоѓање законско решение за конфискација на изградени објекти со бесправен статус и нивна ре-употреба .

Целта на иницијативата е да се најде решение и да се овозможи конфискација на бесправно изградените објекти и нивна пренамена во функција на општината, односно државата.

За реализација на оваа иницијатива неопходно е да се интервенира во две законски решенија:Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочната постапка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата