„За докторите 1,7-2,2% покачување, ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ 78% ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ“

31.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„За докторите 1,7-2,2% покачување, ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ 78% ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ“

Со новото покачување од 78% на сите функционерски плати, оваа „професија”  дефинитивно станува атрактивна и за луѓето кои навистина поштено би ја работеле. Со новото епохално зголемување на платите на докторите од цели 1,7-2,2 % оваа професија дефинитивно останува атрактивна само за луѓето кои нечесно би ја работеле.

Вака реагира д-р Нико Беќаровски откако Уставен суд одлучи да укине два члена од Законот за плати и надоместоци на функционери, платите на сите заменици министри, градоначалници, директори во државни фирми и агенции, како и сите судии меѓу кои и тие од Уставниот суд им се зголемуваат за речиси 78 отсто.

Вчера пак по протестот на здравствените работници, на кој побараа исполнување на ветувањето дадено пред неколку месеци, за покачување на платите на здравствените работници, беше договорено медицинските сестри да добијат покачување од 3.000 денари бруто и 2.000 за другиот персонал, јавната администрација, помошниците на техничкиот персонал и лекарите.

Покачувањето ќе важи од март а официјално се очекува да се усвои од Министерството за финансии.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата