Божилов не рекол дека Бугарија ќе обвини Македонци за дојавите за бомби во Бугарија

29.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Божилов не рекол дека Бугарија ќе обвини Македонци за дојавите за бомби во Бугарија

Во РСМ уште во октомври минатата година почнаа да се испраќаат масовни мејлови за закани со бомби до училиштата, до Централната банка и до градинките. Во февруари годинава имало 560 закани. Заканите со бомби за март се намалени речиси до нула имаше само 9. Сите се од ист тип и слични, како што се случува и во Бугарија, изјави за БНТ Јордан Божилов, директор на Софискиот безбедносен форум, пренесе 24 часа.

Според него, во Македонија се променети протоколите за постапување во вакви ситуации, начините на креирање и користење на официјални електронски пораки, се прават проверки на училишта.

„Не сите закани ги затвораат училиштата. Работиме на различни верзии, од кои едната е хибридни закани поврзани со Русија, но ќе бидат обвинети и неколку Македонци кои се поврзани со една од политичките партии во РСМ“, додаде Јордан Божилов.

Според него, важно е да се менуваат не само протоколите, треба да има добра физичка безбедност, контрола на пристап, проверки.

„Многу е тешко да се докаже кои се сторителите. Во Северна Македонија е утврдено дека серверите од кои се испраќаат електронските пораки се наоѓаат во Русија и Иран“, рече уште Божилов.

 

Меѓутоа, изјавата која директно му е атрибуирана на Божилов, никогаш не е дадена во таа форма и со таква содржина. Односно Божилов нема изјавено дека Бугарија ќе обвини Македонци за дојавите за бомби кај нив. Според текстот од постот што го рецензираме, изјавата била дадена за БНТ (Бугарската национална телевизија).

Меѓутоа, кога на следниот линк со почеток од 25 секунда ќе се погледне оригиналната изјава на Божилов дадена за БНТ преку видеоврска, се гледа дека тој изјавил нешто во сосема друг контекст и воопшто не кажал дека Бугарија ќе обвинува Македонци за дојавите за бомби кај нив.

 

 

И во Северна Македонија се работи на различни верзии. Најнапред имаше информација за хибридни закани, поврзани и со Русија. Таа информација се објави и во Бугарија на една од конференциите кои ги одржавме. Но сега, како што разбирам, ќе бидат покренати обвиненија и за неколку Македонци, македонски граѓани, кои се поврзани со една од политичките партии во Македонија.

Контекстот на дадената изјава е таков,  јасно е дека Божилов зборува за состојбата со дојавите за бомби во Северна Македонија, а не во Бугарија. Дека ќе бидат обвинети неколку македонски државјани за дојавите за бомби најави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски  во интервју за Радио Слободна Европа.

Во конкретниот случај, во пренесената изјава на Божилов поради неквалитетен превод направена е грешка и пласирна е дезинформација.

Божилов зборува за покренување на обвиненија во Македонија за дојавите за бомби во земјава, а тоа го најави и самиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата