Црногорци се уапсени во Уругвај со над 400 килограми кокаин: Дел се од балкански клан

24.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Црногорци се уапсени во Уругвај со над 400 килограми кокаин: Дел се од балкански клан

Во веста во која тој портал се повикува на уругвајскиот Ел Обсервадор, се наведува дека меѓу 15-те уапсени има и двајца црногорски државјани кои се осомничени дека се членови на балкански клан.

„Балканскиот клан е голема мрежа на организиран криминал која дејствува во Европа, а ја сочинуваат државјани на Србија, Црна Гора и Хрватска“, се вели во текстот на Ел Обсердор. Дрогата наводно пристигнала во Уругвај од Боливија, а била наменета за европскиот пазар.

Во извештајот од 2022 година, Европската комисија предупреди на зголемување на случаите во кои црногорски државјани биле уапсени за шверц на дрога, особено кокаин, во странство.

Во неодамнешниот извештај на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) се наведува дека криминалци од Црна Гора учествувале во меѓународен шверц на повеќе од 30 тони кокаин, а таа количина била запленета од полицијата ширум светот од 2017 до 2021 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата