Литванија му испрати порака на рускиот претседател: Путин, те чека Хаг

18.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Литванија му испрати порака на рускиот претседател: Путин, те чека Хаг

Министерството за надворешни работи на земјата објави на Твитер фотографија од транспарент на облакодер во литванскиот главен град Вилнус на кој пишува „Путин, те чека Хаг “.

Градоначалникот на Вилнус, Ремигијус Симасиус, во март минатата година ја напишал истата порака со боја во спреј на патот пред руската амбасада во градот, пишува „Sky News“.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг вчера издаде налог за апсење на рускиот претседател Путин за воени злосторства.

Издадени се два налози за апсење – против Путин и руската комесарка за правата на децата Марија Лвова-Белова. Правната пријава гласи: „воени злосторства“. Поточно, станува збор за депортација на деца од Украина во Русија, која наводно се вршела од февруари 2022 година.

Судот тврди дека има доволно причини дека самиот Путин е кривично одговорен за гореспоменатите дела. Во мај, рускиот претседател потпиша указ со кој се овозможува побрзо давање државјанство на украинските деца во Русија. Освен тоа, Путин, како што е наведено во налогот за апсење, не влијаел врз неговите цивилни и воени подредени да ги одврати од извршување воени злосторства.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата