20 годишното момче од Радовиш ПОЧИНАЛО ОТКАКО ГОЛТНАЛО КОКАИН да не го најде полицијата

18.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
20 годишното момче од Радовиш ПОЧИНАЛО ОТКАКО ГОЛТНАЛО КОКАИН да не го најде полицијата

Момчето од Радовиш кое починало откако било приведено, починало од преголема количина на кокаин.

Полицијата кај него при претресот во неговиот дом пронашла и марихуана.

Според „Фокус“ од неофицијални извори момчето го проголтало кокаинот за да го скрие од полицијата.

Обдукцијата треба да покаже колкава количина кокаин завршила во неговиот организам. Неговите витални функции престанале уште пред да биде донесен во болница. Додека траело апсењето на момчето, му се слошило и бил однесен во штипската болница, но веќе било доцна.

Од болницата за „Фокус“ велат дека попладнето го примиле В.А. дека се обиделе да го реанимираат, но безуспешно.

Претходно во билтенот на МВР беше објавено 20-годишникот починал откако му се слошило по извршен претрес.

„На 16.03.2023 во 15.35 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека во Клиничката болница Штип починал В.А.(20) од Радовиш, на кого му се слошило, откако претходно бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш по извршен претрес во неговиот дом во Радовиш, со судска наредба, при кој била пронајдена марихуана” – информираа од МВР.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата