Ненадејно почина холивудскиот актер Ленс Редик

17.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ненадејно почина холивудскиот актер Ленс Редик

Извор од органите на редот изјавил за ТМЗ дека Ленс денес бил пронајден во неговиот дом. Причината за смртта засега не е откриена.

Ленс неодамна беше на турнеја за четвртиот дел од франшизата Џон Вик, во кој тој го игра Шарон. Имал закажано гостување за следната недела во шоуто на Кели Кларксон.

Вчера на Инстаграм објави селфи со своите кучиња. Се одмараа на каучот. „На екранот и надвор од него, не е ни чудо што сакам да ги разгалувам моите кучиња“, напишал тој.

Пред неговото вклучување во Џон Вик, многумина го паметат по улогата на Седрик Даниелс во хит серијата The Wire. Неговиот лик се појавува во сите пет сезони. Тој исто така имаше улоги во многу популарни серии, како што се Fringe, Bosch, Oz, Lost и сериите на Нетфликс Resident Evil.

Покрај неговиот успех на телевизијата, Ленс има глумено и во филмови. Заедно со франшизата Џон Вик, тој глумеше во филмови како Angel Has Fallen и Godzilla vs. Kong. Има и необјавени проекти, како што е улогата во претстојната серија на Дизни, Percy Jackson and the Olympians. Освен со глума, се занимавал и со музика, а студирал и на Јеил.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата