ВМРО-ДПМНЕ:

Се вратија деведесеттите, мафијашки убиства на улиците, само Спасовски мува не го лази, дали зад ова има политички контекст меѓу криминализираните ДУИ, СДС

7.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се вратија деведесеттите, мафијашки убиства на улиците, само Спасовски мува не го лази, дали зад ова има политички контекст меѓу криминализираните ДУИ, СДС

Се вратија деведесеттите. Со Ковачевски како премиер, Груби како вицепремиер и Спасовски прв човек на полицијата се случуваат убиства, пасоши на криминалци се делат, наркотрафикантите седат до првите лица на владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Додека Спасовски вкупно е прв човек на полицијата 8 години, се случија стотина нерасветлени убиства. Што друго да се случи Спасовски да си даде оставка.

Треба да одговори дали има политичка конотација ова двојно убиство и каква е поврзаноста со крилата на криминализираните ДУИ и СДС?

Нема леб, скапи бензини, инфлација и многу убиства. Тоа е владеењето на Груби, Ковачевски и Спасовски, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата