Понеделнички

Ќе може ли Даскалот

23.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ќе може ли Даскалот

Курто Дудуш, градоначалнокот на СДСМ од Шутка е симболиката на оваа власт. Го заклучил Сенад Јашар во канцеларија и го тепал, патем викајќи дека ништо не му може затоа што тој ја држи Шутка под контрола.

СДСМ и МВР го заташкуваат случајот со стандардни фрази: осудуваме насилство, се преземаат мерки... бла, бла, бла... А да беше Курто тепан се ќе беше поинаку.

Бранко Героски објави дека активист на СДСМ му се заканувал поради пишувањата за големи рекети на фирми и општини кои ги тераат функционери на СДСМ заедно со сопственик на една нова телевизија. МВР молчи за ова. Се заканувал извесен Борче Гиновски, функционер на СДСМ во Ѓорче Петров.

Слушаме телефонски разговори како ДУИ договарале криминали, корупција, дури и заташкување на истрага за убиство, и никому ништо. Сетете се на протестите за Мартин Нешковски. Молчат и чекаат се да се заборави. Постапка нема а нивните медиуми, невладини, ботови по социјалните мрежи... им судат на стотици од ВМРО само врз основа на телефонски разговори. А разговорите од СДСМ ги кријат.

Никој ништо не ми може, јас ја контролирам Шутка... вели Курто Дудуш. Курто само го применува она што може да го види од владеењето на централната власт.

Гледа дека и на владата “никој ништо не и може, ја контролираат ситуацијата“. Зошто и како Курто Дудуш и СДСМ сосе ДУИ ја контролираат ситуацијата.

Оваа влада е поставена надвор од ред и поредок, без победа на избори. Со задача да одработи проекти како промена на уставно име на државата, албанизација со двојазичност и фалсификуван попис, поништивање на нацијата и историјата на Македонија. Продава национално, заработува лично и локално. И, за тоа е дипломатски наградена и заштитена.

Таа постапка е во тек. Новиот лик за фина обработка после грубите фази на Заев е Стево Пендаровски. Неговата должност е да ја доврши и легитимира албанизацијата и да биде чистач на теренот на кој владата зад себе остави купишта руини, жртви и порази. Да биде доработник на Заев кој го загуби авторитетот и довербата.

Се потпиша договор со Бугарија за отстапување на македонската историја во нивно владение, па на ред дојде и откажувањето од Гоце Делчев. Заев молчи. Димитров вели дека не може да каже дали Делчев е Бугарин или Македонец бидејќи не бил историчар??? Ама не е ни претседател на држава, но потпиша меѓудржавен договор во Преспа иако е тоа надлежност на претседателот на државата.

Заев молчи, авторитетот му е во пад и неговиот збор ќе предизвика дополнителен револт во јавноста. За да го покрие, се јави Пендаровски со изјава дека Гоце Делчев – е Бугарин! Бугарија само ја архивираше неговата изјава во историските документи.

Патем, претседателот Пендаровски не дозволува Албанци да бидат одговорни за тероризмот во Диво насеље. Иако тоа не му е работа, коментира дека тоа било договорена акција, а организаторите и нарачателите се уште не се процесуирани. Ни доказ, ни бутур не покажа Пендаровски за оваа опасна теза.

Ова што го направи Пендаровски е директно спротивно на стандардите на Европската унија. Еве и доказ. Во извештајот на ЕУ за напредокот на Србија која веќе преговара за членство. Во тој извештај децидно и се забележува на Србија за праксата државни функционери јавно да коментираат тековни истраги, судски процеси, ставови за судии и обвинители... Пендаровски го направи токму тоа што ЕУ го смета за сериозна повреда на правото преку притисоци врз правниот систем од државни функционери.

Треба ли да бројам колку изјави за судски процеси, истраги, најави на пресуди и апсења... досега коментирал Заев. Над сто се. Сам се пофали дека поднеле над 750 кривични пријави (!) против опозицијата, ама судовите не биле на ниво на задачата.

И сето тоа затоа што им се може, “ја контролираат ситуацијата“. Тендери за свои луѓе, непотизам, рекети без крај, апсења и смени за секој што им стои на патот. Затоа што им се може. Затоа што некој стои зад нив и дозволува дејствија кои неказнето ги има само кај нас, во Албанија и на Косово. И никаде во Европа. А цената за тоа ја гледаме. Курто Дудуш е само последниот во низата на деспотизмот. Ние не сме пред вратата на ЕУ, ние сме во феудулазам, во средниот век и времето на инквизицијата кога се било можно “во името на господ“. Во името на Унијата.

Во име на Европската унија попис ќе спроведува и Али Ахмети кој е под истрага кај СЈО заради манипулации со минатиот попис. Во име на ЕУ Заев постави министер за култура кој е лекар ревматолог и во својата биографија наведува дека познава неколку странски јазици меѓу кои и – македонскиот јазик. Викни ЕУ, и гази врз се.

Добро, така е и сите го гледаме тоа, но што да се прави, ќе речете.

Никој од нас, освен власта, нема одговорност за состојбата но, секој има одговорност и моќ за промени. Секој има свој глас, влијание врз блиски, врз пријатели, свој Фејсбук или Твитер. Употреби го тоа што го имаш.

Носител на промените треба да биде ВМРО, со Мицковски на чело. Може ли Даскалот да го крене Македонецот, и да ги донесе промените? Може.

Во состојба кога СДСМ и ДУИ контролираат се: влада, пратеници, медиуми, градоначалници, обвинителства, судови, големи компании... Промените се потешки од било кога во самостојна Македонија. Но, промените се случуваат. Рејтингот на ВМРО, после две години, е поголем од оној на СДСМ. Мицковски успева, во феудални услови, и со личниот рејтинг да го надмине Заев. Значи, има причина да се верува во промените. Ноќта, студот и мракот се долги, но имаат и крај.

Може ли Мицковски, преку ноќ, да го смени и врати старото уставно име. Не може за кусо време. Но, може од позиција на власт да преговара и да обезбеди двојна употреба: Република Македонија внатре во државата, Северна за надворешна употреба. Тоа го може, но со наша поддршка. Тоа е максимум во овие односи на сили и моќ на Балканот. Но, односите на моќ се менуваат, а во тие менувања Македонија може само да добие бидејќи нема веќе што да загуби.

Може ли Даскалот да го врати времето кога пензиите и платите се качуваа секоја година, а секој месец гледавме нов инвеститор. Тоа го може сигурно. Секогаш кога ВМРО биле на власт тоа се случувало, тоа е веќе докажано. Може ли да ги врати даноците кои сега Заев ги зголеми. И тоа е сигурно. Мал данок значи повеќе пари во џебот на граѓанинот и на сметки на фирмите, без овие шарени лаги за поврат на ДДВ од 25 денари за потрошени 1.000 денари, откако ќе те одерат со големи даноци.

Може Даскалот да го врати времето кога по улиците не беа власт наркомани и убијци кои никој не ги апси, туку некои од нив дури ги ставаат за советници и функционери. Може Мицковски да гради, да отвара нови булевари, болници, школи... како што беше со години. Тоа го може. СДСМ не може ни да го искречи тоа што ВМРО го има изградено.

Може ли Даскалот да го врати угледот и достоинството на иљадници вмровци кои ова власт со години ги гони, обвинува, суди и јавно омаловажува за да ги мотивира да ја дигнат главата, да го употребат своето неспорно знаење и влијание, да ги отворат очите и да се приклучат на промените. Да ги обедини и поведе.

Може ли Македонецот да биде дома во Македонија. Ова е задача која ќе мора самиот тој да ја реши. Не како професор, туку како човек и политички лидер.

Доста беше од лажни лекови. Само Македонецот пие апче, а дури потоа чита која му е намената и последиците.

(24.06.2019)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата