Силeн земјотрес во Турција и Романија

19.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силeн земјотрес во Турција и Романија

Турција и Романија повторно беа погодени од силни земјотреси.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), тлото прво се затресе во Турција.

Во таа земја е регистриран земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на само 11 километри од Малатија, која веќе била во центарот на силните земјотреси.

Набргу потоа земјотресот е регистриран и во Романија.

 

Земјотресот со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Тарга Жиу, кој моментално е   најголем удар.

 

Да потсетиме, повеќе од 46.000 луѓе загинаа во серијата земјотреси што ги погодија Турција и Сирија пред речиси две недели. Многубројни спасувачки екипи веќе ја напуштија Турција, а тамошните власти навестуваат дека наскоро ќе бидат прекинати сите спасувачки напори, бидејќи шансите под урнатините да има преживеани речиси и да нема.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата