ПОЖАР ВО ВИКЕНДИЧКАТА НА МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ!

12.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОЖАР ВО ВИКЕНДИЧКАТА НА МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ!

Рано утрово избил пожар во викендичката во Леуново во која престојувал генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ. Пожарот бил пријавен во 6:10 часот утрово од самиот Зечевиќ, и тоа од викендичката која била во сопственост на мајката на Зечевиќ, а се наоѓа во близина на хотелот „Радика“ во селото Леуново.

Засега не се познати причините за пожарот, што бил изгаснат од противпожарна единица од Гостивар.

„Утрово во 6:10 часот, М.З. (51) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека настанал пожар во внатрешна инсталација на викенд куќа во село Леуново, сопственост на неговата мајка, во која престојувал“, велат од полицијата.

Од МВР уште велат дека повредени нема, а во текот на денешниот ден ќе се врши увид.

Пожарот наводно избувнал од внатре, а сомнежите се дека имало некакви проблеми со оџакот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата