Коментирајќи ги информациите за проширување на Владата, Клековски вели дека со тргување може да се опстане на краток рок и оти тоа за него е губење време.
Според него Македонија е шампион во малцински права, нема подобра правна рамка која ги штити малцинските права, дури и оние кои не се во Уставот.
„Бугарите имаат шанса да ги бараат правата, ама нив не ги интересираат правата. Ние сме во голема заблуда ако мислиме дека ќе заврши тука со ставање на Бугарите во Уставот“, кажа Клековски.
Клековски се осврна и на иницијативата која денес ја поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ или предлог закон за амнестија на 27 април посочувајќи дека причината е што случајот е политички и затоа потребна е ревизија и оти Врховниот суд не постапува па со ова да забрза дискусијата.