Драма со “БАЛОН И ВИША СИЛА“ – Блинкен ја одложи на Кина

3.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драма со “БАЛОН И ВИША СИЛА“ – Блинкен ја одложи на Кина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе ја одложи посетата на Кина по откривањето на кинески шпионски балон кој летал над копното на САД, објавија денеска медиумите.

Блинкен не сакал балонот да доминира на неговите состаноци со кинеските претставници, објави ABC News, цитирајќи неименуван американски функционер, пренесе Ројтерс.

Блумберг њуз објави и дека посетата ќе биде одложена. Претходно денеска, Кина изрази жалење што нејзиниот балон кој летал над САД наменет за цивилни метеоролошки и други научни цели залутал во воздушниот простор на САД откако отстапил од планираниот курс.

-Кинески балон за надгледување на висока височина кој летал над континенталниот дел на САД навлегол во воздушниот простор на САД поради виша сила, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, потврдувајќи дека балонот е од Кина, пренесе Си-Ен-Ен.

Кинеското Министерство за надворешни работи нагласи дека ќе продолжи да ја одржува комуникацијата со САД за адекватно да се реши неочекуваната ситуација предизвикана, како што се наведува, од виша сила.

На овој начин, Пекинг ги негираше тврдењата на Вашингтон дека балонот снимен над американската држава Монтана, во западниот дел на САД, бил шпионски.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг Чајна изјави дека Пекинг ги следи медиумските извештаи и пишува за наводен кинески шпионски балон забележан во воздушниот простор на САД и повика на смиреност.

„Кина е одговорна земја и секогаш строго се придржувала до меѓународните закони, а Пекинг нема намера да ја нарушува територијата и воздушниот простор на која било суверена земја. Во врска со балонот, како што само споменав, ја разгледуваме и проверуваме ситуацијата и се надеваме дека двете страни ќе можат да се справат заедно со него мирно и внимателно“, рече Мао на редовната прес-конференција, пренесе АП.

Мао додаде дека политичарите и јавноста треба да се воздржат од избрзани заклучоци.

Балонот
Балонот

Блинкен ќе оди во Кина кога ќе се создадат соодветни услови

Неименуван висок функционер на Стејт департментот рече дека Блинкен ќе отпатува во Кина „кога ќе дозволат условите“.

Според Ројтерс, Кина претходно изразила жалење што „цивилно“ летало залутало на територијата на САД откако скршнало од курсот, што предизвика тензии во односите меѓу САД и Кина.

„Ја забележавме изјавата на Народна Република Кина, но присуството на балони во нашиот воздушен простор е јасно кршење на нашиот суверенитет, како и на меѓународното право, и неприфатливо е тоа да се случи“, рече претставникот.

Тој исто така рече дека по консултациите со „меѓуагенциските партнери, како и со Конгресот“, било заклучено дека во овој момент нема реални услови секретарот Блинкен да отпатува во Кина.

Фото: Профи илустрација

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата