Германската полиција изгасна ПЛАТФОРМИ ЗА ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА – Дистрибуирани биле повеќе од 20.000 порнографски слики

03.02.2023
Vesnik.com
Германската полиција изгасна ПЛАТФОРМИ ЗА ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА  – Дистрибуирани биле повеќе од 20.000 порнографски слики

Германските истражители успеаја да изгасат неколку платформи за детска порнографија на т.н darknet, откако претходно успешно изврши апсења во Германија, Британија и САД, беше објавено во петокот. Баварската полиција и единицата за сајбер криминал на јужната германска покраина објавија дека три даркнет платформи биле затворени по апсењата.

Тоа е мрежа на Интернет до која може да се пристапи само со специјален софтвер, конфигурации или овластување, обично поврзани со криминална содржина. Неколку илјади корисници од Германија и од странство беа активни на овие платформи. Тие, наводно, циркулирале повеќе од 20.000 слики и видеа со детска порнографија и објавувале 120.000 објави месечно.

Осомничениот уапсен во Германија наводно бил модератор на една од платформите. Станува збор за 22-годишен маж кој во ноември беше уапсен во Бон.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата

;