Захарова: ЕУ тоне во рецесија, ја влече Украина на дното

3.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Захарова: ЕУ тоне во рецесија, ја влече Украина на дното

Таа го цитираше Зеленски кој вчера се пожали дека „темпото на европските санкции против Русија се забавува, а Русија сè побрзо се прилагодува на ограничувањата“. Потоа таа додаде: „Западна Европа паѓа во рецесија и одамна ја изгуби навиката за преживување. Европа тоне, а Украина ја влече на дното“.

Да потсетиме, Блумберг вчера објави дека еврозоната може да избегне рецесија по неочекуваниот раст на БДП на крајот на 2022 година, и покрај двоцифрената инфлација и руската инвазија на Украина. Еуростат објави дека во последниот квартал од минатата година бруто домашниот производ пораснал за 0,1%, иако економистите процениле пад од 0,1%.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата