ТИТО поминал 15 дена со Софија Лорен на Бриони, и самиот и готвел: После тоа веќе не влегол во кујна

3.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТИТО поминал 15 дена со Софија Лорен на Бриони, и самиот и готвел: После тоа веќе не влегол во кујна

Колку била голема Југославија во времето на Тито, говори и податокот дека за време на неговото владеење на Бриони бил домаќин на некои од најпознатите историски личности, како кралицата Елизабета II.

Но, приказната за престојот на Софија Лорен на Бриони е особено интересна, а неа јавноста имаше можност да ја прочита во исповедта на Нада Будисављевиќ, сестрата на Јованка во книгата „Мојата сестра Јованка Броз“ на Жарко Јокановиќ.

Нада раскажала дека Софија Лорен дошла на Бриони со својот едногодишен син. Секој ден се капела во морето, одморала, готвела во кујната на Тито и уживала.

Sofija Loren

„Секој ден му се јавуваше на Карло Понти. Ја миеше косата со дестилирана вода и ставаше маслиново масло како маска. И таа нејзина коса беше прекрасна. А кога ја фотографираа, секогаш го вртеше профилот кој и беше поубав. Тоа се малите тајни на кујната на големите мајстори Софија Лорен сакаше да готви.

Подоцна ја објави книгата „Софија во кујната, со љубов“. Така нешто. Таа подготвуваше сосови за шпагети. Бидејќи се правеа големи количества од тие сосови, се сеќавам дека ставаше телешко, свинско и пршута, но кога слушнав дека се употребени и осум килограми свежи домати, се изненадив. И беше навистина прекрасно. Вистински специјалитет. И тогаш сите го јадевме, сите заедно, божествено беше“, се сеќава сестрата на Јованка.

Sofija Loren
Во книгата раскажала како и Тито готвел за Софија Лорен. Тој лично подготвувал загорска штрудла за својата гостинка, а Нада вели дека не го видела ниту пред тоа ниту потоа во кујната.
Josip Broz Tito

 

Инаку, Софија Лорен речиси цел живот беше лудо вљубена во Карло Понти. Го запознала кога имала 16 години. Бил дел од избор за мис, а Понти имал 37 години и бил член на жирито.

Кога ја советувал Софија Лорен малку да ги „стегне колковите“ и „да го скрати носот“, таа рекла дека ни мртва жена не би се согласила на такво нешто – и тогаш Понти ја изгубил главата по неа и заборавил дека е оженет маж.

Парот се забавувал со години, а во еден момент Софија сериозно размислувала дали да го напушти Понти заради Кери Грант. Бидејќи Кери Грант во тоа време, исто така, бил оженет, не сакала да се меша во целата приказна, но токму нејзиното испрашување го натерало Понти да се покрене и парот се преселил во Франција каде се венчале и имале две деца. Карло Понти и Софија Лорен живееја среќно до неговата смрт во 2007 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата