Конечно, и тоа во третиот официјален меч за Ал Наср, Кристијано Роналдо го постигна својот прв гол и тоа од пенал. Се играше 90+3 минута на средбата Ал Фатех, а резултатот беше 2:1 за домашниот состав. И тогаш, беше покажан пенал за Ал Наср а Кристијано го претвори ударот од белата точка во гол за 2:2, за избегнување на поразот.
А се беше подготвено за нова катастрофа и очајниот настап на Роналдо за Ал Наср, но ете, Португалецот кој е платен 200 милиони евра по сезона, сепак колку толку се “извади“. Му донесе на својот тим бод на гостувањето а тој го постигна својот деби гол.
//--> //-->GOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOAL#CristianoRonaldo #CR7 pic.twitter.com/cmixejOD8X
— CR7Media (@AlCR7Media) February 3, 2023
//-->
sportmedia.mk