Озил „исчезнал“ по натпревар, не се појавил на тренинг, па ги шокираше сите со својата одлука!

3.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Озил „исчезнал“ по натпревар, не се појавил на тренинг, па ги шокираше сите со својата одлука!

Од Турција доаѓа малку неверојатна вест. Познатиот германски фудбалер Месут Озил реши да стави крај на кариерата по последниот натпревар на неговиот Башакшехир пред неколку дена.

Озил беше стартер на натпреварот против Кајзериспор, а беше заменет на полувремето. Тоа беше негов прв натпревар по долго време во кој беше стартер. По натпреварот тој донесе одлука да се пензионира иако има важечки договор со турскиот клуб.

По натпреварот Озил не се појави на тренинзите, сите се прашуваа зошто го нема, а тој наводно ги известил соиграчите и клупските челници дека повеќе не планира да игра фудбал. Тој побара и раскин на договорот, а јасно е дека неговата епизода е завршена.

Тој имаше важечки договор до јуни 2023 година. Тој во Башакшехир пристигна од Фенербахче, а играше и за Арсенал, Реал Мадрид, Вердер Бремен, Шалке, Есен…

Сезонава забележа само осум настапи во сите натпреварувања, а очигледно тоа беше причината да реши да ги закачи копачките. Сè уште се чека официјална потврда.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата