Стотици српски млекари истураа увезено млеко пред министерство

3.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стотици српски млекари истураа увезено млеко пред министерство

Тие бараат од министерството да се врати премијата за млеко на 20 динари (нешто помалку од 20 евроценти) за литар, да се дозволи увоз и извоз на млеко и да се регулира пазарот и да се стимулираат по грло добиток на претходната сума од околу 340 евра.

Бараат и формирање работна група за млечниот сектор, во која мнозинството би биле производители и инсистираат државата да заштити и гарантира минимална цена под која млекото не може да се откупува од производителите.

Било предупредено дека со плаќање мизерни откупни цени за млекото во руралните средини се празнат селата низ Србија. Млекарите ја обвинуваат министерката за земјоделство Јелена Танасковиќ дека тврди дека увозното млеко е подобро од домашното и прашуваат што друго може да се очекува од неа додека е на чело на тој ресор.

На крајот од денешниот митинг, демонстрантите го истурија увозното млеко на улицата пред министерството, а на насобраните граѓани им го поделија своето што го донесоа на протестот со порака дека „не се свесни“ за лошиот квалитет на увезеното млеко што се продава во Србија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата