Почина легендарниот моден дизајнер Пако Рабан

3.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина легендарниот моден дизајнер Пако Рабан

Почина во Портсал, Франција, а веста ја објави шпанската групација Пуиг, која е сопственик на куќата за мода и парфеми Paco Rabanne.

“Кој друг би можел да ги натера модерните парижанки да купуваат фустани направени од пластика и метал? Кој освен Пако Рабан би можел да замисли мирис наречен Каландре, кој е збор од автомобилската индустрија, и да го претвори во икона на модерната женственост?” изјави Хозе Мануел Албеса, претседател на одделот за мода и убавина на Пуиг.

„Тој радикален, бунтовнички дух го издвојува од останатите. Има само еден Рабан“, продолжи тој. „Со неговата смрт уште еднаш се сеќаваме на неговото огромно влијание врз современата мода, но и на духот што сè уште живее во куќата што го носи неговото име“, заклучи тој.

Многу имиња од модната индустрија се збогуваат со легендарниот дизајнер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата