Клоп: Не можам да коментирам за трансферите на Челзи без мојот адвокат

3.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Клоп: Не можам да коментирам за трансферите на Челзи без мојот адвокат

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп на денешната прес конференција пред викенд колото беше замолен да ја коментира огромната инвестиција што Челзи ја направи зимава на име на трансфери. Челзи ја преминаа границата од 300 милиони фунти за нови играчи само во јануари, а заедно со инвестициите во текот на летото, сумата надмина 550 милиони фунти. Германецот се пошегува дека не може да коментира на оваа тема без својот адвокат, но истакна дека сите нови играчи на Челзи се со многу висок квалитет.

Нема да кажам ништо без мојот адвокат. Не го разбирам тој дел од бизнисот, но бројките се огромни. Сите играчи што ги доведоа се многу добри, па честитки за нив. Не разбирам како е можно, но не е моја работа да го објаснувам.Воопшто не ме загрижува серијата натпревари што ни претстои, а тоа се дуелите против Вулверхемптон, Евертон, Њукасл и Реал Мадрид. Мораме да го искористиме времето за да се подобриме, да играме фудбал што сакаме да го играме и да работиме на оние работи кои мислиме дека се особено важни. Состојбата со повредените генерално се подобрува. Жота оваа недела имаше целосен тренинг со тимот, но потоа мораше повторно да работи со лекарскиот тим. Тоа беше планот од самиот почеток. Мислам дека треба да се врати на редовните тренинзи следната недела. Боби се приближува. Луис веќе трча, но му требаат уште околу две недели. Вирџил исто така се приближува кон враќањето, но не за овој натпревар. Конате има повреда на мускулот. Не мислевме дека тоа е голема работа, но потоа излегоа резултатите од снимките. Не е добро, но од друга страна Џо Гомез и Џоел Матип претходно играа добро заедно, така што тоа не би требало да биде голем проблем“, изјави Клоп на денешната прес-конференција.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата