Фото: Наташа Беквалац ја отвори вратата од реновираниот дом на Дедиње

3.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Наташа Беквалац ја отвори вратата од реновираниот дом на Дедиње

Вака изгледа нејзиниот рај!

Поп-ѕвездата, откако го реновирала својот луксузен имот на Дедиње, со месеци се жали дека живее под кирија со ќерките и домашните миленици, а работата конечно е при крај, па  убавата Ната се вратила во елитната населба на главниот град на Србија.

Атрактивната пејачка неколку пати потенцираше дека сака целосно да го промени својот дом на Дедиње, од подот до плафонот, за ништо да не ја поврзува со минатото.

По неколкумесечна работа, пејачката е пресреќна поради резултатот со кој се пофали на Инстаграм, нејзините фанови се воодушевени од изгледот на реновираниот стан на Ната.

Очекувано, сè е во омилените тонови на Наташа – беж-кафеава и бела. Во објава на Инстаграм, таа ја опишала својата идеја, и се заблагодарила на дизајнерот на ентериер, кој и помогнал да ја спроведе идејата.

– Реновирањето на нашиот дом траеше неколку месеци. И почнавме од почеток. Од подот до таванот. Фаза – сива! Сакав само едно… Дека ништо, апсолутно ништо, ниту една работа, ситница, нема врска со минатото. Овие девојки не живеат во минатото! Јас сум естет по природа, класична Вага. Никој не можеше да ги разбере моите желби за нашата куќа подобро од пријател на куќата. Уште кога се запознавме и станавме пријатели, имав желба тој да ни го украси домот. Конечно се согласи. Овој дом конечно стана наше огледало. И конечно ми се допаѓа тоа што го гледам кај него – напиша пејачката.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата