„Топчиите“ ја осигураа иднината: Мартинели уште 4,5 години на „Емирати“

3.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Топчиите“ ја осигураа иднината: Мартинели уште 4,5 години на „Емирати“

Одличниот млад напаѓач на Арсенал, Габриел Мартинели потпиша нов договор со „топчиите“. Бразилецот се согласи на нов четири и пол годишен договор кој ќе го задржи на „Емирати“ до летото 2027 година.

Претходниот договор на крилниот напаѓач требаше да истече на крајот на следната сезона, иако клубот имаше опција да го продолжи за уште две години.

Мартинели оваа сезона е незаменлив дел од извонредниот тим на Микел Артета кој е на добар пат да ја освои титулата. Арсенал најави дека сега ќе разговара и со централниот бек Вилијам Салиба и крилото Букајо Сака за нови и подобрени договори.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата